641
Денеска започнува чистењето на линданот од малата депонија во поранешната фабрика „ОХИС“, најавуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
По тој повод, во близина на фабриката ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, првиот секретар на норвешката Амбасада, Стефан Сандста, шефот на Канцеларијата на УНОПС за Македонија, Микела Телатин, националниот координатор на проектот Сузана Андонова од Канцеларијата за ПОПс и претставникот на изведувачот Полиеко.