356
Времето претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје претпладне ќе има мала до умерена облачност, а попладне ќе биде сончево. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 13 степени.
Продолжува периодот на стабилно и потопло време, а особено топло ќе биде за време на викендот кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината. Во понеделник во западните делови ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд.