Денеска температури до 24 степени

by fokus

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Поврзани новости