383
Времето денеска претпладнеќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, понекаде и во форма на локално невреме со силен ветер и појава на ситен град.
Температурата наутро ќе биде од 3 до 9 целзиусови степени, а во текот на денот од 14 до 22 целзиусови степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот со услови за појава на краткотрајно невреме.
Утринската температура ќе биде 7 целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 21 целзиусов степен.