Денеска температура и до 35 степени

by Fokus

Времето денеска наутро ќе биде свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност, претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во пределот од кумановско до штипско краткотрајно ќе засилува.

Дневните температури ќе се движат од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер, со максимална температура до 32 степени.

Во наредните денови следува период на значително топло време за овој период од годината, а кон крајот на работната недела ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер.

 

Поврзани новости