526
Денеска ќе се одржи судското рочиште за предметот „Тврдина 2“ на СЈО, во кој обвинет е Горан Грујевски.
Од МВР треба да известат дали е лоциран обвинетиот Грујевски, кој повеќе од два месеци е во бегство.
Тој заедно со уште шестмина други вработени во УБК е обвинет за уништување на документи за набавка на опремата за следење на комуникациите.
Вработените во Управата за безбедност и контраразузнавање се товарат за уништување на службена документација како и за фалсификување на службени исправи во случајот кој според СЈО е поврзан со уништувањето на доказите за нелегалното прислушување кое се одвивало во земјата.