Денеска стапи на функција новиот генерален секретар на СДСМ

by Fokus

Миле Зечевиќ е новиот генерален секретар на СДСМ. Тој денеска ја презема функцијата од доскорешниот функционер Љупчо Николовски.

Во понеделникот СДСМ го избра новото раководство, откако претседателската функција ја презеде Димитар Ковачевски кој дојде на местото на Зоран Заев.

На Централниот одбор Зечевиќ беше избран за нов генерален секретар на партијата, а нов организационен секретар е Вангел Андревски.

Поврзани новости