471
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од девет до 16, а максималната од 21 до 28 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе изнесува 12, а дневната 24 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневната температура. Претежно ќе биде сончево и топло, со слаб ветер. Утринските температури ќе движат од четири до 15 степени, а дневните од 22 до 31 степен.