416
Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска во 15:00 часот ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
На дневен ред на 18-та седница на Советот за безбедност, како што информираат од Кабинетот на шефот на државата, ќе биде безбедносната состојба во Република Северна Македонија и евро-атлантскиот регион.
На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.