Денеска се водат најжестоките борби од инвазијата на Газа, вели израелски командант

by Fokus

Израелските сили, поддржани од воени авиони кои фрлија стотици бомби и други експлозиви, минуваат низ најинтензивниот ден на борби од почетокот на инвазијата на Газа, изјави денеска висок израелски воен командант.

„Се наоѓаме во најинтензивниот ден на борби од почетокот на копнената операција“, рече Јарон Финкелман, командант на Јужната команда на израелските одбранбени сили. Тој додаде дека израелските сили се борат во Џабалија, северно од градот Газа и во Шуџаја, источно од градот, и во градот Кан Јунис на југот на енклавата.

„Ние сме во центарот на Џабалија, во центарот на Шуџаја, а сега во центарот на Кан Јунис“, рече тој.

Поврзани новости