Денеска се одбележува 1 април – Денот на шегата.
Овој ден е познат по тоа што се прават шеги, а традиционално најмладите се маскираат со ликовите на омилените јунаци од цртаните филмови и се бираат најдобрите маски.
Речиси во секоја општина се организираат манифестации со кои се одбележува Денот на шегата.
Под слоганот „Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!”, Општина Кисела Вода организира голема забава под маски за најмладите пред салата Расадник каде ќе биде поставен забавен парк со најразлични реквизити, ќе има кловнови и аниматори, а за музичкиот дел ќе бидат задолжени „Поточиња”.
1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги.
Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат до пладне и некој кој прави трикови после пладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмеваат.
Во други земји шегите траат цел ден.