Во Основниот суд Скопје 2 денеска се очекува да продолжи рочиштето за тужбата на лидерот на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери против ексразузнавачот Слободан Богоевски.
Ахмети и Џафери го тужат ексразузнавачот Богоевски за клевета поради неговото сведоштво во судот во Њујорк за случајот „Маѓар Телеком“.
Богоевски во сведоштвото пред американскиот суд изјави дека 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари – експремиерот Владо Бучковски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери.
Претходно судот прифати за сведоци да ги повика адвокатката Билјана Панова, нотарот Сашо Клисаровски и преведувачката пред кои наводно е дадена, односно заверена изјавата која била користена за потребите на постапката во САД, па оттука, Ахмети и Џафери ќе докажуваат дека изјавата била дадена во Скопје и за тоа е надлежен скопскиот суд, а не на екстериторија во Амбасадата на САД во Скопје.
Како отштета во овие процеси Ахмети побара 3 милиони денари, а Џафери 2,5 милиони денари.