626
Вкупно 95 оздравени пациенти се регистрирани денеска во Институтот за јавно здравје, од кои 32 се во Скопје, 38 се во Куманово, 16 во Прилеп, два во Тетово и едно лице во Битола.
Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје два, во Куманово еден, во Прилеп еден, во Тетово еден.
Согласно ова вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.601, бројката на оздравени пациенти е 947, на починати е 84.