488
Освен протестот на „Шарената револуција“, кој стандардно ќе започне во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, денеска протест во организација на Опозицискиот совет и на неколку албански опозициски партии ќе започне во 17:30 часот од Чаир.
Протестниот марш под името „Ден Д – правда, демократија, достоинство“ ќе почне во паркот во Чаир, а демонстрантите ќе маршираат до објектот на Владата.
-На 9 мај, се одбележува денот на правдата која недостига за нас, ден на погазената демократија, ден на прегазеното достоинство и ден на последната албанска несреќа во Куманово, се наведува во соопштението од Опозицискиот совет.