Денеска променливо облачно, се очекува слаб дожд во источните делови

by fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно со појава на слаб локален дожд претежно претпладне во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно со слаб ветер од јужен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието и особено во западните делови повремено ќе засилува.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец кој краткотрајно ќе засилува. Дневните температури ќе се движат од 10 до 22 Целзиусови степени.

Поврзани новости