380
За денеска е закажано ново рочиште за случајот во кој изгоре модуларната Ковид болница во Тетово, а во кој загинаа 14 луѓе. Судењето треба да продолжи со сослушување на нови сведоци кои се повикани по барање на адвокатите на обвинетите.
На минатото рочиште пак, беа сослушани универзитетските професори кои во предистражната постапка изработиле вешт наод и мислење во писмена форма, како и две медицински сестри.
Во предметот обвинети се директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово, како правно лице. Тие на почетокот на судењето рекоа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни.