596
Денеска во 11 часот продолжува собраниската седница за разрешување на јавниот обвинител на Марко Зврлевски, на која за збор се пријавени над 90 пратеници.
Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски на почетокот од расправата вчера образложи дека предлогот за разрешување е поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.
Зврлевски, пак, пред пратениците во Собранието вчера образложуваше дека совршено добро си ја вршел својата работа и дека неговото разрешување нема да биде никаква реформа.
Зврлевски рече и дека во јавноста бил познат како некој што нема никаква врска со политика.