Денеска пресуда за случајот „Рекет“

by Fokus

По шест месеци судење, денеска Крвичниот суд Скопје, ќе ја објави пресудата за предметот „Рекет”, каде обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева. Во текот на овој судски процес беа презенитрани низа материјални и вербални докази.

Текот на предметот предизвика голем интерес во јавноста, често изјавите на сведоците, обвинетите или обвинителството беа теми на денот. Поради големиот медиумски интерес, Основниот кривичен суд одлучи пресудата да биде објавена во големата сала на Врховниот суд.

Во описот на обвинителниот акт покренат од Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, се вели дека обвинетиот Бојан Јовановски, влијаел врз обвинетата Катица Јанева, за таа да донесе поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја”, случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство.

Јовановски и Јанева во своите завршни зборови пред судот негираа вина и рекоа дека не го сториле делото за кое се товарат. Обвинителството, според нив, не изнело докази за делото за кое ги товари и дека целото обвинение е врз основа на исказ на еден сведок – кој е оштетен во случајот. Целиот случај за Јовановски е политичка конструкција, додека за Јанева е клевета.

Поврзани новости