Денеска пресуда за Пале, која го уби партнерот во самоодбрана

by fokus

Денеска судот во Велес ќе ја донесе пресудата за велешанката Павлинка Илоска која е обвинета за убиство на миг. Поточно, таа со еден убод од нож го уби својот партнер во самоодбрана, додека тој ја давел.

Вчера се одржа првото рочиште за овој предмет, се изведоа доказите, а беа дадени и завршни зборови. Иловска рече дека не се чувствува виновна. Обвинителката пак побара од судот да ги земе во предвид и олеснителните околности, бидејќи обвинетата е млада, не е осудувана во минатото и повеќе години трпела семејно насилство.

Во одбрана на Илоска веќе застанаа невладини организации и хелсиншкиот комитет кои велат дека обвинетата треба да се товари за полесно кривично дело, направено во самоодбрана, а не убиство на миг кое препишува затворска казна од една до пет години.

Поврзани новости