Високиот суд во Лондон денеска ќе одлучи дали основачот на Викиликс, Џулијан Асанж може да поднесе жалба против екстрадицијата во САД.
САД бараат екстрадиција на Асанж поради објавувањето на тајните воени досиеја во 2010 и 2011 година, а Врховниот суд на Обединетото Кралство одлучи дека Асанж треба да биде екстрадиран, отфрлајќи ги тврдењата дека тој би можел да изврши самоубиство во американски затвор поради лошо ментално здравје.
Асанж се товари во САД за шпионажа по 17 точки, а доколку биде прогласен за виновен, според неговите адвокати, може да се соочи со казна затвор до 175 години. Американските обвинители, сепак, тврдат дека казната нема да надмине 63 месеци.
Во 2010 година, порталот на Асанж „Викиликс“ објави видео од американската армија, на кое се гледа како десетици луѓе, меѓу кои и двајца новинари на Ројтерс, беа убиени во напад на хеликоптери „Апачи“ во Багдад во 2007 година.
Оттогаш, Викиликс објави илјадници тајни доверливи документи и дипломатски извештаи во кои САД критикуваат светски лидери, од рускиот претседател Владимир Путин до членовите на саудиското кралско семејство.