Денеска обвинение за „крвавиот четврток“, обвинетите ќе се гонат за тероризам

by fokus

Јавното обвинителство денеска ќе поднесе обвинените за настаните од „крвавиот четврток“ кога толпа демонстранти упаднаа во Собранието. Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, во интервју за вечерашното издание на „360 Степени“ на ТВ Алсат-М. Јовески најави прес-конференција во текот на утрешниот ден на која ќе соопшти детали за обвинението.

Тој го потврди претходно соопштениот писмен став од јавното обвинителство дека ќе нема преквалификација на делото за ниту еден од осомничените/обвинетите во овој случај. Тоа значи дека сите ќе бидат обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок“.

Дел од осомничените ќе го пречекаат обвинението на првиот ден на слобода после притворот кој им беше одреден. Врховниот суд вчера им ја укина мерката куќен притвор на Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Игор Дурловски и Елена Божиноска, додека на екс министерот за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски мерката притвор им е заменета со куќен притвор.

 

Поврзани новости