608
Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно ќе биде облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени.
Во наредните денови следи период на стабилно и суво време, со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.
За време на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, а поради послабо изразено воздушно струење по одделни котлини ќе има појава на магла.