Денеска обилни дождови, на планините и снег

by fokus

Во Македонија денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни, со над 20 литри на литри на квадратен метар и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од североисточен, а во источните од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 7, а максимaлните меѓу 6 и 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, и максимална температура до 8 степени.

Поврзани новости