494
Собранието денеска напладне ја продолжува шестата седница на чиј дневен ред како петта точка е разрешувањето на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.
Седницата вчера заврши откако беше исцрпена општата расправа за избор на Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација, за што денеска пратениците треба да гласаат.
Опозицијата е против именувањето на Глигоров на оваа функција, бидејќи овој предлог на СДСМ е доказ дека ќе има целосна партизација на администрацијата.