Владите на Република Северна Македонија и Република Косово денеска во Скопје ќе ја одржат првата заедничка седница во полн состав, предводени од премиерите Зоран Заев и Албин Курти.
Пред почетокот на заедничката седница ќе има церемонија за официјален пречек, и тет-а-тет средба на премиерите Заев и Курти, како и билатерални средби на министрите во Владите на двете земји.
-Заедничката седница на владите ќе се одржи веднаш после средбите на премиерите и министрите и на неа е предвидено свечено потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка, информираат од владината прес-служба.
Договорите, како што посочи на вчерашната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иноваци и технолошки развој и други области.