Денеска ќе се знае кога францускиот предлог ќе се најде на пленарна седница

by fokus

На редовната координација во Собранието денеска ќе се разговара за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година.

Претседателот на Собранието Талат Џафери пред неколку дена за МИА изјави дека за тоа ќе се разговара на редовната координација на која како владин претставник ќе присуствува вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Во понеделник имаме координација на која ќе присуствува и владиниот претставник и ќе разговараме. Ќе се направи проценка. Материјалот е дојден во Собранието, но во понеделник треба да почне седницата за ребалансот на Буџетот, изјави Џафери.

Поврзани новости