Денеска ќе се врши дезинфикација во Клиника за стоматологија

by fokus

Откако вчера беше откриена опасната бактерија „Мрса“ во Стоматолошки клинички центар, оттаму информираа дека ќе биде извршена дезинфикација на целата клиника од овластена институција.

„Во врска со настаните околу веста за откриена бактерија “Mрса“ кај еден од вработените во ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон – Скопје, Ве информираме дека работниот процес се одвива непречено во континуитет.

Покрај генералното чистење и дезинфицирање од страна на нашите вработени,  во текот на денешниот ден во периодот после 14.30 часот превентивно ќе биде извршена дезинфекција на целата клиника и од страна на овластена институција.

Во очекување сме на останатите резултати од санитарниот преглед направен на вработените. Ново пријавени случаи нема.

Во интерес на пациентите, апелираме до јавноста дека нема потреба од било каков сомнеж за сигурно и квалитетно давање на стоматолошки здравствени услуги“, велат од ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон – Скопје.

Поврзани новости