Денеска ќе се одржи итен самит на НАТО

by fokus

НАТО денеска ќе одржи итен виртуелен самит на 30-те земји-членки за да преземе дополнителни чекори за зајакнување на одвраќањето и одбраната на Алијансата откако Русија започна инвазија врз Украина.

Руските сили ја нападнаа Украина по копно, воздух и море во четвртокот, потврдувајќи ги најлошите стравови на Западот со најголемиот напад од една држава против друга во Европа од Втората светска војна.

„Мирот на нашиот континент е уништен“, изјави на прес-конференција генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг додавајќи:

„Русија користи сила за да се обиде да ја прекрои историјата и да и го ускрати на Украина нејзиниот слободен и независен пат. Новите мерки планирани од НАТО „ќе ни овозможат да распоредиме способности и сили, вклучително и силите за одговор на НАТО“, рече тој.

НАТО претходно по состанокот на амбасадорите на алијансата во Брисел, соопшти дека донело одлука „да преземе дополнителни чекори за дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната низ Алијансата. Нашите мерки се и остануваат превентивни, пропорционални и неескалаторни“.

НАТО планира да создаде структури на борбени групи какви што веќе има во балтичките земји за земјите од неговото источно крило, рече во четвртокот словачкиот министер за надворешни работи Иван Корцок, додавајќи дека потегот ќе ја вклучи и Словачка.

Поврзани новости