Денеска ќе се избира шеф на скопското вишо обвинителство, Хајрулахи единствен кандидат

by fokus

Денеска во Советот на јавни обвинители ќе има нов обид за избор за прв човек на скопското Вишо обвинителство.

Ќе може да гласа само за досегашниот обвинител Мустафа Хајрулахи, бидејќи од трката се откажаа Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми.

Покрај Вишото обвинителство во Скопје, денеска раководители ќе треба да добијат и обвинителствата во Гостивар, Битола, Велес, Куманово.

Се предлага и распишување нов оглас за обвинители кои ќе гонат организиран криминал и корупција, откако на претходниот избор ниту еден од кандидатите не доби поддршка од Советот на јавни обвинители.

Поврзани новости