Македонскиот институт за медиуми денеска со почеток во 12 часот во „Intermezzo Music Bar” ќе ги додели наградите „Никола Младенов 2023“.
На настанот ќе бидат доделени наградите за: Најдобра истражувачка сторија, Најиновативен новинарски производ и Најдобра репортерска фотографија.
На годинешниот конкурс што беше објавен на 31 јануари и траеше до 26 февруари, 2024 пристигнаа:
39 стории, обработени во 175 текстови/видео прилози, во категоријата Најдобра истражувачка сторија;
15 стории, обработени во 16 текстови/видео прилoзи, во категоријата Најиновативен новинарски производ;
21 фотографија во категоријата Најдобра репортерска фотографија;
Наградите за најдобра истражувачка сторија МИМ ги доделува традиционално од 2001 година, а од 2013 година наградата го носи името на угледниот новинар и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов.