129
Минатиот четврток од Министерството за труд и социјална политика информираа дека пензионерите нема да добијат пензија на 1 јануари во 2024 година, а причина за тоа е, неработниот ден по повод Новата година.
„Ве информираме дека бевме известени од ПИОМ дека ПИОМ ќе ги исплати пензиите за месец декември на 3 јануари, 2024 година. Во согласност со најавата од ПИОМ, Банката ќе овозможи пристап до средствата од вашата пензија на банкоматите и во експозитурите, во среда, 3 јануари, 2024 година“, велат од една од банките.
Мора да се потенцира дека некои од банките се солидаризираа со пензионерите и пензиите беа пуштени пред Новата година.