Денеска времето во нашата држава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите има услови да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.
Слично време ќе имаме и утре, додека од среда се очекува стабилизирање на временската состојба кај нас.
Утре и во среда ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец додека температурите ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени утре, и од 21 до 30 степени во среда.