Променливо облачно од претпладне со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град. Помалку нестабилно ќе биде на југозападот.
Дневните температури ќе достигнат во Скопје 21, Кавадарци 23, Крива Паланка 21, Берово 19, Битола 21, Охрид 18, Маврово 13 и Дојран 26 Целзиусови степени.
Прогнозата за утре е променливо облачно и нестабилно особено попладне, со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повеќе нестабилност ќе има на запад и на север. Дневните Крива Планка 24, температури ќе бидат во Скопје 25, Маврово 16, Битола 22, Охрид 21, Кавадарци 26, Крива Паланка 24, Берово 20, Дојран 27 степени.
Најавите за викендот се пак дека ќе не очекуваат летни температури, над 30 степени.