Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

by Fokus

Во земјава денеска е молк, а утре ќе се одржат седмите по ред претседателски избори. Молкот ќе заврши утре во 19 часот, кога ќе се затворат избирачките места.

Карактеристично е тоа што годинава се одржуваат двојни избори. За време на денешниот молк за претседателските избори, нема прекин на кампањата за парламентарните избори закажани за 8 мај годинава.

Гласање за претседателските избори се спроведува за болните и изнемоштените, затвореници во Казнено-поправните домови и лицата во притвор, за оние во старските домови и за нашите во странство.

Гласањето за претседател почна со 191 член на избирачките одбори во саботата кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии денеска од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи.

Поврзани новости