631
За денеска од 13 до 14 часот најавени се блокади на сообраќајниците во Скопје пред Владата, на патот Велес-Штип, Струмица- Радовиш и Прилеп кај Плетвар како знак на протести против францускиот предлог за кој граѓаните бараат од Владата да го отфрлат затоа што води кон бугаризација.
Вечер и утре нема да има протест, а наредниот е закажан за в недела во 19 часот пред Владата.
Вчерашниот шести по ред протест се одвиваше мирно на кој говорниците пред Собранието повторија дека нема да биде дозволена промена на македонската историја и македонскиот јазик.
Како и во изминатите денови од протестот учесниците побараа оставки и отфрлање на предлогот за кој сметаат дека е срамен. Претходно Владата го проследи предлогот до Собранието.