Денеска е Денот на рударите, вчера повреден рудар од Пробиштипско

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 20,03 часот во Полициска станица Пробиштип е пријавено дека во 19.20 часот во Јавна здравствена установа во Пробиштип бил донесен повреден Б.В.(46) од с. Ратавица, Пробиштипско кој според пријавеното се здобил со повреда при работа во рудник во с. Добрево.

Тој бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош.

Полициски службеници излегле на местото на настанот.

Поврзани новости