Денеска две трансфер-бомби: Озил во Фенербахче, Манџукиќ во Милан

by Fokus

Две трансфер „бомби“ се најавени да одекнат денеска во европскиот клупски фудбал, во очекување Месут Озил да стави потпис на договор со Фенербахче, а Марио Манџукиќ да стане нов играч на Милан.

Поранешниот германски репрезентативец Озил (32) во неделата официјално се збогува со премиерлигашот Арсенал, ден откако двете страни постигнаа договор за предвремен прекин на соработката, и синоќа слета во Истанбул на медицински прегледи во турскиот прволигаш.

Германецот со турско потекло се очекува да потпише трииполгодишен договор со клубот од Истанбул, откако мина седум години во редовите на Арсенал по трансферот од Реал Мадрид.

Паралелно со ова, за денеска е најавен и трансфер во Милан на хрватскиот репрезентативен напаѓач Марио Манџукиќ (34), кој се очекува да биде достојна замена на Златан Ибрахимовиќ кој се почесто е повреден.

Според најавите, Манџукиќ ќе стави потпис на шестмесечен договор.

Поврзани новости