Денеска дожд и ветер

by fokus

Времето денеска ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 6 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, претпладне магливо, а преку денот со повремен дожд. Кон крајот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од утре следуваат денови на стабилно време со натпросечни дневни температури. Особено топло ќе биде за време на викендот.

Поврзани новости