Денеска дожд и температури до 28 степени

by fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите наместа ќе бидат поројни, особено во западните и централните делови, локално во форма на невреме.

Минималната темпепратура ќе се движи во интервал од 12 до 19 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 16 до 28 степени.

Во Скопје времето, исто така, ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 25 Целзиусови степени.

 

Поврзани новости