Денеска бојкот на маркетите во Македонија и во регионот

by Fokus

Денеска се очекува граѓаните да не пазаруваат во маркетите поради високите цени на прехранбените производи.

Ова следи по иницијативата која прво се случи во Хрватска, а ја следеја и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија.

Народот регираше откако не успеа ниту една мерка на Владата да се справи со брзината на растот на цените на храната.

Дел од трговците решија денеска да прават попис во своите дуќани, дел да ги затворат маркетите, а дел пак ќе работат и ги канат граѓаните на пазарње со екстра попусти.

Акцијата доби поддршка од пошироката јавност, како и од партиите од власта и од опозицијата, додека надлежните институции најавија ригорозни контроли во маркетите и трговските објекти и итна реакција на терен.

Премиерот Христијан Мицкоски деновиве неколкупати искажа разбирање за бојкотот и најави засилени контроли и казни за трговците кои го изигруваат законот и мерки за заштита на животниот стандард.

Тој и вчера од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања, истакна дека нема да се дозволи, поединци да ги злоупотребуваат своите позиции и да заработуваат на грбот на граѓаните.

Поврзани новости