426
Без вода денеска од 9 часот се дел од жителите од скопското село Батинци, а од 9:25 часот и дел од корисниците во близина на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Општина Центар.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во водоснабдувањето во Батинци е поради дефект на приклучна цевка на улица „9“ број 20.
Во Општина Центар, како што се наведува, има уличен дефект ф-2 на улица „Загрепска“ 41. Без вода ќе бидат дел од корисниците од оваа улица, односно на крак 1,3 и 5.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санираат дефектите.