474
Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, известуваат дека денеска како неработен ден, нема да се врши наплата на зонските паркиралишта, освен за зона А0 Водно, кадешто продолжува редовно наплаќање за паркирање.
Со редовна работа и наплата исто така, ќе продолжат двете катни гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и јавните паркиралишта Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и Клинички Центар „Мајка Тереза“.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на сите им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.