И покрај тоа што има капацитет од 35.000 гледачи, истиот нема да се користи за одржување на натпреварите на игрите. Од нашата земја, тројца олимпијци ќе бидат дел од 23 – те Зимски олимписки игри. Тоа се Антонио Ристевски во алпско скијање слалом и велеслалом, Ставре Јада во крос – кантри, спринт и 15 километри и Викторија Тодоровска во крос – кантри дисциплина на 10 километри.
Ставре Јада ќе го носи знамето на свеченото отворање на игрите денес.Она што е интересно околу ЗОИ 2018 е промената на името на градот Пјонгчанг, со цел да нема забуна и мешање на имињата со Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја. Сега Пјонгчанг стана Пјон Чанг, односно се пишува како два збора, специјално поради Олимписките игри. Игрите ќе траат од деветти до 25 – ти февруари и го чинеле организаторот 10 милијарди американски долари. Учество ќе земат 2.925 спортисти од 92 земји.