Од денес во Арената Борис Трајковски се замрзнува ледената подлога, со цел да се создаде идеална сцена за најавениот настан во сабота, насловен Спектакл на мраз, новогодишно шоу на мраз за целото семејство.
Во затворен и загреан простор ќе се изладат и обликуваат повеќе од 300 метри квадратни мраз и ќе се создаде стабилен леден партер, кој за викендот ќе се претвори во сцена на која ќе се појават херои од приказните – Петар Пан, Елса, Супермен, Аладин, Том и Џери, Спајдермен, Мики Маус, Круела и Дедо Мраз.
Хероите кои се светски првенци во лизгање на мраз ќе ја забавуваат публиката и ќе се фотографираат со посетителите.
Билетите за првата претстава која ќе се одржи со почеток од 12 часот на 14-ти декември веќе биле распродадени, а пак билетите за втората претстава која започнува истиот ден, од 17 часот, се пуштени во продажба.
Вики Клинчарова