Денес тргна караванот со пејачи и актери, кој ќе ја подига свеста на граѓаните за вредноста на право на глас на избори!

by Fokus

Бојан Кирковски, Александар Микиќ, Тања Кочовска, Емра Куртишова, Ненад Георгиевски, Филип Поповски, Стефан Лазаров, Александар Динев, Сара Мејс, Денис Абдула, Христијан Станковски – Бомбакис, Вера Јанковиќ, Сашо Шотаровски, Алмедина Исмаили, Бисера Чадловска, Христијан Бузалковски, Горан Микиќ и Виктор Камнар се уметници и јавни личности од земјава кои се приклучија кон Кампањата „Не е до нив, до тебе е“ која има цел да ги промени навиките и да ја издигне свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво.

Караванот ќе гостува во повеќе градови во земјава наредниот период, и денес започнува во Струмица, а потоа продолжува и во Штип, Скопје, Велес, Кочани, Битола, Охрид…

-Затоа што секогаш ќе наидете на некој што ќе ви каже „Твоето едно гласче на овие избори нема да промени ама баш ништо“, подготвена е видео приказна со силна порака која ќе биде најсилен демант на сите такви коментари. Одговорот е јасен и едноставен „Ќе гласам затоа што дефинитивно не е до нив, до мене е”.

Оваа моќна порака ќе патува низ повеќе градови во Македонија и ќе стигне до секој што има дури и најмал сомнеж дека неговиот глас нема да направи промена.

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ започнува на 08.04.2024, а првата станица ќе биде Градскиот парк во Струмица. Актерот Бојан Кирковски со својот стенд ап настап ќе го води караванот и низ Штип – Плоштад Слобода (09.04), Карпош – Антички театар (11.04), Аеродром – Парк Авионче (14.04), Велес – Градски парк (15.04),
Ѓорче Петров – Парк (17.04), Куманово – Градски плоштад (18.04), Кочани – Градски плоштад (19.04), Центар – Школка, Градски парк (21.04), Битола – Широк сокак (22.04), Прилеп – Градски плоштад (24.04) и Охрид – Плоштад ‚‚Св. Климент Охридски‘‘ (27.04)-информираат од организацијата на настанот.

Видеото „Не е до нив, до тебе е“ е објавено на каналот Јутјуб.

Вики Клинчарова

Поврзани новости