Денес во потрагата ќе се вклучат и кучиња трагачи, за ,,Фокус” изјави Зорица Ѓоречвска, мајка на 14-годишната Вања, која е исчезната од вчера наутро, кога во 7.20 часот тргнала на училиште. Во школото не стигнала, а мобилниот телефон и е исклучен од 7.34 часот вчера.
-Се уште нема ништо, интензивно се бара, вели мајката.
Потргата по девојчето продолжува и денес и семејството апелира доколку некој има било каква информација, веднаш да се јави во полиција.
Од МВР, на страницата за исчезнати лица денес објавија фотографија и податоци за Вања.
-ЃОРЧЕВСКА ВАЊА татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее.
Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во Општина Центар-Скопје.
Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии.Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон – наведено е во објавата на МВР.