Музичарот Аки Рахимовски (67) ќе почива во Алејата на великаните во Загреб, Хрватска, а погребот ќе се одржи во четврток, во кругот на семејството и пријателите.
Алејата е вечно почивалиште на многу истакнати музичари, политичари и спортисти, помеѓу кои Рајко Дујмиќ од ,,Нови фосили”, Дражен Петровиќ, Киќо Слабинац, Ена Беговиќ и други.
Од бендот ,,Парни ваљак” чиј фронтмен беше Рахимовски со децении наназад, информираат дека сите кои сакаат да му оддадат последна почит, можат да го направат тоа денес кај скулптурата „Бунарот на животот“ пред Хрватскиот народен театар во Загреб.
Комеморацијата пак, ќе се одржи во петок, на 28-ми јануари во 11 часот, во малата сала на „Ватрослав Лисински“ во Загреб, за најтесниот круг на колеги и пријатели.
Аки, кој голем дел од детството и младоста помина во Македонија, а потоа се пресели во Хрватска, почина во саботата, во Ново Место во Словенија, каде живееше последните неколку години со партнерката и двегодишната ќерка.
Вики Клинчарова