Денес времето во државава ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
Во Скопје и околината денес ќе има услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен. Потоа од утре, па во следните денови повторно ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.
Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст, особено за викендот кој доаѓа и тогаш речиси насекаде ќе бидат над 30 степени.
Подготви: Славчо Попоски