575
Седницата на Собранието на која се расправа за францускиот предлог, треба да продожи со работа денеска во 11 часот.
На списокот на пријавени за збор се останати уште тројца пратеници.
Вчерашната расправа претседателот Талат Џафери ја прекина во 22 часот, а последен за дискусија синоќа беше пратеникот Димитар Аласиев.
Расправата во текот на вчерашниот ден беше исполнета со тешки зборови и квалификации на сметка на противничкиот табор, а на моменти беше на работ на инциедент.
Доколку биде исцрпена расправата по францускиот предлог, како што се очекува, ќе се гласа.
За да помине овој предлог, доволно е да гласаат 61 пратеник.
Коалицијата на СДСМ, заедно со партиите на Албанците, го има потребниот број на гласови.