Денес и утре и понатаму ќе се задржи нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено од пладневните часови па натаму кога локално ќе има услови за ПОИНТЕНЗИВНИ процеси, во форма на НЕВРЕМЕ со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
И во Скопскиот регион денес и утре ќе се задржи нестабилно, со услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.
Веќе од четврток нашата територија ќе биде под влијание на значително постабилна воздушна маса, па така и времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со мала локална облачност. Но ќе започне да дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Пораст на температурите на воздухот, и потопло време се очекува за време на викендот.
Подготви: Славчо Попоски